Кои сме ние

ЕЛЕКТРО ВИЗИЈА ДООЕЛ Скопје
МАТЕЈА МАТЕВСКИ бр.4/1-1, нас. Аеродром, 1000 Скопје, Скопје, Македонија
Тел: +389 (2) 3135 115, +389 (76) 266 499
E-mail: online@elektrovizija.mk

Член 1 – Општи информации

Elektrovizija ја почитува приватноста на секое лице чии лични податоци ги обработува. Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци се вршат во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20 и 294/21).

Член 2 – Основни поими

  1. Личен податок е секоја информација што се однесува на идентификувано лице.
  2. Обработка е секоја операција врз лични податоци (собирање, чување, користење, откривање, бришење).
  3. Контролор е Elektrovizija, која ги утврдува целите и начинот на обработка.
  4. Согласност е слободно дадена, конкретна и информирана изјава на субјектот.
  5. ЕЛЕКТРО ВИЗИЈА не собира посебни категории на лични податоци (здравје, етничко потекло, политички ставови итн.).
  6. Не се собираат податоци од лица под 14 години.

Член 3 – Принципи на обработка

Личните податоци се обработуваат согласно следниве принципи:

  • Законитост, правичност и транспарентност
  • Ограничување на целите
  • Минимален обем на податоци
  • Точност и ажурирање
  • Ограничување на рокот на чување
  • Интегритет и доверливост

Член 4 – Лични податоци што се собираат

ЕЛЕКТРО ВИЗИЈА може да собира:

  • Име и презиме
  • Пол
  • Адреса на живеење/адреса за испорака
  • Телефонски број (мобилен/фиксен)
  • Е-mail адреса
  • Датум и место на раѓање (каде е потребно)
  • Податоци за лице примател (ако производот се испраќа на друга адреса)

Член 5 – Начин на собирање

Личните податоци се собираат директно од субјектот:

  1. При купување на производи.
  2. При регистрација на сметка на платформата.

Член 6 – Цел на обработка

Целта е склучување и извршување на договор за купопродажба на производи, испорака и комуникација со потрошувачот.

Член 7 – Начини на плаќање

Плаќањето се врши исклучиво во готовина при достава. ЕЛЕКТРО ВИЗИЈА не обработува број на платежна картичка, CVV кодови или други банкарски податоци.

Член 8 – Откривање на лични податоци

Личните податоци можат да бидат откриени само на курирските служби заради испорака и враќање на производи.

Член 9 – Рок на чување

Личните податоци се чуваат до 5 години од последната активност на платформата, согласно законските прописи.

Член 10 – Права на субјектите

Секое лице има право на:

  • Пристап до своите лични податоци
  • Исправка на неточни податоци
  • Бришење на податоци
  • Ограничување на обработка
  • Поднесување приговор

За сите прашања и барања во врска со личните податоци, субјектите можат да се обратат на: online@elektrovizija.mk.